Вести Свет

Вучиќ ја именуваше Ана Брнабиќ за мандатар на новата српска влада

Мандатар за составот на новата влада на Србија повторно ќе биде Ана Брнабиќ, соопшти на денешната прес конференција во Белград, Александар Вучиќ.

Според него, одлуката за новиот премиер била комплицирана, сложена, како во рамки на најголемата владеачка партија во државата, српската напредна партија , така и во рамки на односите со коалиционите партнери.

Вучиќ потврди дека Брнабиќ нема да биде 4 години претседателка на српската влада, мандатот ќе и биде пократок, додавајќи дека промени во владата ќе има во 2024-тата година.

Најблиските соработници на српскиот претседател ќе имаат значајни функции во новата српска влада, како градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, кој беше главен противкандидат на Брнабиќ во трката за премиерската функција. Многу пофалби од српскиот лидер доби и Синиша Мали, човекот за кој во српската јавност има бројни афери, но според Вучиќ бил еден од најдобрите министри за финансии во Европа.

Позиција на координатор на српските служби за безбедност и важна улога во новата власт ќе има и верниот сојузник на Вучиќ, лидерот на српските социјалисти, Ивица Дачиќ.

„Јас сум горд дека имам таков соработник и дека можам да кажам, можеби не со толку голем легитимитет, но на можеби најважната функција во земјата, уште еднаш предложам жена, способна, образувана, вредна и пред се, лојална на Србија. Јас знам дека на некои други им смета тоа што таа не сака да зборува лошо за мене и за некои други луѓе, но Ана е пред се и секогаш лојална на својата земја и убеден сум дека тоа ќе биде случај и во иднина“ – изјави Вучиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе