Светот за малку избегна катастрофален инцидент со радијација во нуклерната централа Запорожје, која остана без електрична енергија повеќе часови, заради руското гранатирање, соопшти Украинскио претседател.
Зеленски тврди дека гранатирањето предизвикало пожари во дел од комплексот заради кои реакторот бил исклучен од електричниот систем.
Доколку не биле активирани помошните дизел генератори на нуклеарната централа , ќе се случеше катастрофа, изјави Зеленски, според кого ова е уште еден доказ дека руските сили мора итно да се повлечат од нуклеарната централа.
„Денеска, за прв пат во историјата, нуклеарната централа Запорожје не работеше и заштитата за итни случаи на централа беа активирани откако руското гранатирање го оштети последниот функционален дел со кои централата е поврзана со Украинскиот електричен систем. Дизел генераторите веднаш започнаа да обезбедуваат енергија за централата, за да биде помогната по исклучувањето. Светот мора да разбере каква закана е ова. Ако дизел генераторот не беше вклучен, ако автомацијата и нашиот персонал не работеше по исклучувањето, сега ќе бевме присилени да се справуваме со последиците на вонреден случај со радијација“ – вели Украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Русија, која ја презеде контролата на нуклеарната централа Запорожје уште во март, вината за инцидентот ја лоцира кај Украинските сили, кои продолжуваат да ја гранатираат.
„Во текот на минатиот ден, нуклеарната централа Запорожје беше цел на гранатирање од Украинската артилерија со голем калибар во два случаи. Како резултат на нападиет, 4 средства експлодираа во регионот кај што е сместен генераторот за кислород/нитроген и уште еден во регионот на специјалниот блок бр 1. Артилериската позиција на Украинските сили од која беше гранатирана нуклеарната централа била лоцирана западно од Марганец во регион на Дњепар. Како резултат на директен напад на руско високо прецизно оружје, на таа позиција беше уништена американска М777 хаубица“ – соопшти Игор Конашенков, портпарол на руското министерство за одбрана.
Обединетите нации бараат пристап до централата и повикаа поширокиот регион околу Запорожје да биде демилитаризиран.
Претставници на меѓународната агенција за атомска енергија се очекува наскоро да добијат можност да ја посетат централата Запорожје,најави и генералниот-директор на ова тело на светската организација, Рафаел Гроси, како и францускиот претседател Макрон, кој беше главен посредник во обидот да се добие зелено светло и од Путин за оваа посета.
„Прво, војната не смее, под никакви околности, да ја поткопа нуклеарната безбедност на земјата, регионот и нас останатите. Затоа, цивилната нуклеарна моќ мора да биде целосно заштитена. Тоа е целта на оваа мисија која ќе се случи многу бргу и за која добивме безбедносни гаранции од страна на Украинците и Русите и затоа ќе можеме да ги распоредиме за да спроведат независна мисија и да ја обезбедат заштитата“ – вели Макрон.
Макрон подвлече дека нуклеарните енергетски цивилни ресурси не смеат да бидат инструмент за војната и според него, мора да се почитува суверенитетот на државата за заштита на нуклеарните инсталации.
Никола Илиевски
