Вести Економија Топ вести

ЕСМ ќе купува уште 950 илјади тони јаглен, тендерите отвори до крајот на овој месец

ЕСМ ќе купува уште 950 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј според двата тендери објавени минатата недела. Основниот критериум во двата тендери кои можат да достигнат и до 50 милиони евра согалсно моенталната цена на тон јаглен е најниската понудена цена.

За РЕК Битола се бараат дополнители 600 илјади тони јаглен, најмалата понуда може да биде 200 илјади тони а операторот е должен да доставува 50 илјади тони месечно. За РЕК Осломеј количината е 350 илјади тони а најмалата понуда може да биде 100 илјади тони.

Во двата тендери е наведено дека количините се ориентациони и  не се обврзувачки за државната компанија.

ЕСМ веќе купи 550 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј за кои плати над 30 милиони евра. Најголем дел од јагленот ќе го достави албанската компанија Хај Тауерс за сума од 22 милиони евра, додека останатите 150 илјади тони ќе ги достават две комплетно анонимни фирми со заеднички сопственик, жител на Мала Речица основани на денот кога се објавени тендерите.

Во моментов јаглен се копа од двете наоѓалишта, „Суводол“ и „Брод – Гнеотино“ но станува збор за јаглен солош квалиутет и мала калорична вредност а покрај тоа пре3двидувањата се дека двете наоѓалишта ќе бидат исцрени во наредните десетина години.
За надполнување на сопствените капацитети се планира отварање на уште еден рудник, „Живојно“ чиј капацитет според истражувањата изтаботени во 2013 година е 1 миилион тони јаглен годишно.

Од ЕСМ денес соопштија поризвеле 40 отсто повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани.

Министерот за економија Крешник Бектеши, вчера ги соопшти мерките за штедење електрична енергија во државните институции со кои се планира да се намали потрошувачката за 15 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе