Вести Македонија

Бидејќи не се почитувале претходните мерки во Дебар, сега е воведена рестрикција во водоснабдувањето

Од денес се воведени рестрикции во водоснабдувањето бидејќи жителите на Дебар не ги почитувале претходните препораки за заштеда на вода, односно да не се употребува вода во бавчи, градини, миење дворови, тротоари па дури и улици пред домовите.

Од денес официјално е воведена  два и полчасовна рестрикција во водоснабдувањето, откако во изминатите денови во одделени делови имаше прекин во водоснабдувањето.

Од Јавното комунално претпријатие „Стандард“ информираат дека рестрикцијата ќе трае од 13 до 15:30 часот.

-И покрај нашите апели водата за пиење да не се злоупотребува, таа појава продолжи и понатаму, поради што сме принудени да ја воведеме непопуларната мерка – рестрикција во водоснабдувањето. Во периодот од 13 до 15:30 часот без вода ќе бидат населбите Венес1, Вене2, Тараник, Коњаре и Ќернаница, како и главната улица „Осми септември“ за да може вода да има во повисоките делови на градот,  рече за МИА, директорот Бурим Каба.

-Поради недостиг на вода, што дојде како последица на злоупотребата на вода од страна на корисниците, Нашата вода е една од најквалитетните не само во државава туку  во Европа а несовесните корисници истата ја злоупотребуваат. Навистина жално, посочува Каба.

Одлуката за рестрикцијата, додава директорот,  ќе биде во сила се до подобрување на ситуацијата и повторно упатува апел за рационално користење на водата, за да не бидат принудени да го зголемуваат времетраењето на рестрикциите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претставници од стотина компании и институции на првиот ИКТ форум Македонија – Грција, договорија соработка и доверба

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Задоволни се од работата на своите министри – ЗНАМ при реконструкција нема да бара промена на ресорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе