Вести Ковид19 Македонија

Ковид повторно напаѓа – овојпат подваријанта на Омикрон е највирулентна

Почетокот на летото донесе мало затишје, но туристичките патувања и зголемените контакти помеѓу луѓето повторно ги наполнија статистиките на Институтот за јавно здравје. Активните случаи во моментов достигнаа три ипол илјади, а во нив се вброени и 792 позитивни во последното деноноќие.

Тоа е 44% од направените 1774 тестирања во последните 24 часа. Во статистиките влегуваат и двајца починати во периодот од 14 до 18 јули, од Регистарот на починати лица на Мој термин. Високи бројки на новозаразени во Македонија одамна немаше.

Одговорите за забрзаното темпо на ширење на Ковид се кријат во лабораториите, а анализите направени во Институтот за јавно здравје откриле дека во земјава е присутна и подваријанта на Омикрон која досега ја немало.

За мутацијата со име БА.5 сè уште се истражува, но од тоа што досега се знае – вирулентноста или брзото ширење, е одлика на истата.

„Тимот од лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје во текот на изминатата недела успешно изведе секвенционирање на 48 примероци на лица позитивни на Ковид-19. Кај 39 примероци беше пронајден БА.5 подваријантата на Омикрон, кај 6 примероци беше пронајден БА.2, додека пак кај три примерока БА.1. Новодетектираната варијанта БА.5 е забележана кај примероци од различни градови како Скопје, Струмица, Охрид, Штип, Неготино, Велес, Кавадарци, Тетово, Кочани и Гевгелија,“ вели Д-р. Шабан Мемети – Директор на Институтот за јавно здравје.

Оваа варијанта на Омикрон ја има насекаде во регионот, а последните информации стигнуваат од Албанија каде што речиси половина од тестираните испаднале позитивни, а семејните лекари тврдат дека заразени има многу повеќе бидејќи голем дел од луѓето прават брзи тестови во домашни услови и не се јавуваат на лекар ако не им се влоши состојбата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе