Вести Македонија

Апелација му ја зголеми затворската казна на возачот осуден за сообраќајната несреќа кај „Сити мол“ во која загина Викторија Николова

Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на возачот Јордан Ѓоргиев, осуден за сообраќајната несреќа во која на пешачки премин кај „Сити мол“ загина 24-годишната Викторија Николова.

Казната е зголемена од 3 на 4 години затвор, по прифатената жалба на Обвинителството.

За возачот Ѓоргиев останува и десетгодишната забрана за управување со моторни возила.

Ѓоргиев од несреќата во јануари досега е во притвор.

Претходно, Кривичниот суд го осуди Ѓоргиев на три години казна затвор, по несреќата во која освен што загина Николова, беше повредено и нејзиното момче Леонид Даов.

Обвинетиот тогаш ја призна вината и судскиот процес против него заврши со едно рочиште.

Ѓоргиев возел со брзина поголема од пропишаната, не ги почитувал сообраќајните прописи и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин, вечерта на 20 јануари, на булеварот „Партизански одреди“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ: Уништување или оштетување на јавни инсталации треба да биде појдовна основа во истрагата за Гостивар

Sasko Dimovski

Ветрот откорна дел од покривот на ООУ „Владо Тасевски“ – оштетени возила, над 1.000 повици на бројот 112

Sasko Dimovski

Десетици лица се повредени на протестите во Болоња, откако маж почина додека бил приведуван од полицијата со употреба на физичка сила

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе