Вести Македонија

По подолго време расте бројот на нови инфекции со Корона, се вклучува алармот и кај нас и во регионот

Општиот впечаток дека пандемијата стивнува сè уште е присутен, маските сè поретко се употребуваат, но докторите полека го вклучуваат алармот.

По подолго време, драстично порасна бројот на новозаразени со Ковид. За цели 66% е зголемен бројот на позитивни тестови направени во лабораториите, споредено со претходната недела.

Нема зголемување на бројот на хоспитализации, ниту пак кај смртните случаи.

Околу тоа што се случува во моментов и дали порастот на бројките е очекуван – побаравме одговори од Комисијата за заразни болести, чиишто членови денес одржаа состанок.

„Не би сакал да шпекулирам. Тоа што го знаеме од регионот и од светот како искуство е дека новите варијанти на Омикрон, БА.4 и БА.5 се причината за зголемувањето на бројот на новозаразени во изминатиот период. Она што е од научен аспект докажано е дека тие имаат поголема преносливост, полесно се пренесуваат во споредба со доминантната БА.2 варијанта на којашто се должат 95% од вкупниот број новозаразени кај нас. Не можеме да кажеме со сигурност дали само подваријантите се причина за ова летно ширење на вирусот на глобално ниво – не само во регионот и во нашата држава“ изјави д-р. Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Состанокот на здравствените експерти во Комисијата не донесе никакви новитети. Мерки нема, ниту пак се усвоени некакви препораки.

Засега, докторите се потпираат само на апели до јавноста – да се носат маски во здравствени и згрижувачки установи, аптеки и јавен превоз.

Денешните бројки од Институтот за јавно здравје веќе се објавени и нови 148 пациенти со Ковид се регистрирани од 1261 направени тестови.

Од нив, 40 се реинфицирани.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе