Вести Македонија Најважни

Паднати дрвја и бандери, откорнати покриви на згради и куќи остави невремето во Делчево – ќе се надоместуваат штетите

Делчевските улици денес не се како во другите денови.

Парчиња од кровни конструкции, паднати дрвја, урнати бандери и кабли на сите страни останаа расфрлани покрај патот, за да сведочат за тоа што се случи вчера попладнето.

Невремето на истокот од земјата траеше кратко, но и тоа беше доволно за да направи огромна штета – за среќа само материјална, бидејќи ниту еден човек не побарал медицинска помош.

Жителите не паметат толку големи штети да настанат по невреме во нивниот крај.

„Многу беше страшно, бучеше од сите страни. Имаше многу ветрови. Двапати нѝ се затресе куќата од лимовите коишто паднаа од зградата, врз нашиот кров. Беше страшно да се доживее тоа.“

 

„Кога почна да врне ние бевме надвор под лозата. Штом заврна, ние влеговме внатре. За пет минути колку што бевме внатре, куќата веќе почна да се тресе.“

Екипите останаа до доцна во ноќта за да санираат колку што можат во моментот и да спречат поголема штета.

Билансот засега вели дека ветрот откорнал кровови на неколку станбени згради и куќи.

Сега сообраќајниците се целосно исчистени од гранки и кал, а исто така и атмосферската канализација .

Санирана е главната мрежа, а се работи и на секундарната, со што се нормализира снабдувањето со електрична енергија.

„Во текот на вечерните часови се расчистени сите сообраќајници и отстранети се сите пречки. Јавното комунално претпријатие покрај со градежни машини, учествува и со екипите на Водовод и канализација кои помагаат на граѓаните при испумпување на водата од попладневните подрачја“ изјави Стојче Стојковски, директор на ЈКП „Брегалница“ – Делчево. 

Општинските власти и државниот кризен менаџмент веќе одржаа состанок за да се пребројат штетите. Формирана е и Комисија за проценка на штети.

„Имавме состанок, овде беа и од Центарот за управување со кризи, одржавме кризен штаб за да видиме како на најефикасен начин да ги санираме штетите коишто настанаа од невремето“ изјави градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.

Анализите треба да дадат повеќе детали за настанатата материјална штета во Делчево, а потоа ако е потребно ќе се бара и помош од државата, најавуваат од општината.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе