Вести Македонија

Свидетелствата неизвесни и годинава како и лани – просветарите се жалат, а институциите молчат дали се набавени овие документи

Учениците веќе втора недела се на распуст, но доказ за успехот постигнат во изминатата учебна година неизвесно е кога ќе добијат.

Родители на основци од училишта во Центар информираат дека закажани термини за доделување на свидетелства се одложуваат на неодредено.

Во просветните кругови го лоцирале проблемот и бараат одговори.

Во меѓувреме, учениците од деветто одделение и оние од четврта година средно веќе го добиле овој документ и тоа во изминатите две недели.

„Кога станува збор за свидетелствата од прво до осмо одделение и свидетелствата од прва до трета година средно, тие сè уште не се доделени во училиштата. Голем дел од колегите се пожалија дека доцни доставата на свидетелства и дека се повторува оваа лоша пракса којашто ја имаше и лани. Со тоа се одложуваат и оние обврски коишто ги имаат просветните работници на крајот на учебната година, односно, да ги запишат свидетелствата и да ги доделат на учениците“ изјави Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука.

Пристапот на главните институции коишто го водат ресорот Образование е несериозен, критикува Гиевски и ги прозва да водат повеќе грижа за учениците и за наставниците.

Во меѓувреме, надлежните молчат.

Телма упати прашања до Бирото за развој на образованието кое е надлежно за набавка на свидетелства, но оттаму не одговараат кои се причините поради кои во одредени училишта се одложува доделувањето на истите.

Нема ниту одговор – дали е распишан тендерот и дали се обезбедени овие документи.

Сличен проблем имаше и лани, а тогаш како главна причина беше наведена пандемијата и вонредните услови за работа.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе