Вести Македонија Топ вести Топ тема

Димитров во Топ Тема – Како тоа уште го чекаме предлогот а очигледно нашите институции комуницирале со француското претседателство?

Софија е многу блиску до целосно исполнување на своите првични максимални позиции, тоа што е клучно во изјавата на министерот Бон и за прв доаѓа еве од земја членка е во судир со молкот и тезите на владата кои што велат дека ова било интерна работа на ЕУ и ние чекаме, сега францускиот министер многу јасно кажа дека имало консултации со Скопје и Софија, изјави во вечерашната Топ Тема, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров за изјавата на францускиот државен секретар за европски прашања, Клеман Бон.

Ова играње со јавноста и граѓаните е несериозно и само ова во една демократска земја може да биде причина за повици на одговорност.

„Како тоа уште го чекаме предлогот и тој бил интерна работа на ЕУ а не за нашата Македонија, Северна Македонија и очигледно нашите институции биле вклучени во комуникација со француското претседателство во креирањето на овој предлог“ – вели Димитров.

Професорот Ненад Марковиќ, оцени дека се стекнува впечаток дека имало некакви првични консултации.

„Не знам само дали ги прашале кои се нашите позиции, колку длабоко биле во тоа. Веројатно многу подоцна ќе дознаеме коклку длабока била вмешаноста. Дека некакви консултации, пораки биле разменити, веројатно имало. Колку длабоко тоа одело ќе дознаеме подоцна.“ – вели Марковиќ.

Аналитичарот Алберт Муслиу изјави дека кај нас многу малку се цени фактот дека спонзор на оваа иницијатива од францускиот претседател, кој е еден од стожерите на Европската Унија.

„Не се тоа мали работи, во светски рамки. Ние можеби сме најбитни за себеси, но во светски работи не сме толку битни. И второ, за преседанот ми е битно да кажам. Цело едно поглавје го има Србија во нивните преговори. Тоа е поглавјето за Косово. И тоа не е Европско прашање, туку е билатерално. Трето, морам да кажам дека во однос на тоа се вклучуваат нашите пријатели. Ова прашање со Бугарија, не е ново прашање. Да имаше капацитет во двете страни, ова прашање да се реши, тоа ќе се направеше.“ – изјави Муслиу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе