Вести Свет

Боливиската опозиција повика на протести против пресудата на поранешната претседателка Жанин Ањес

Боливиската опозиција повика на протести против пресудата против поранешната привремена десничарска претседателка Жанин Ањес, која беше осудена на десет години затвор по обвинението дека сама ја презела власта по оставката на поранешниот левичарски претседател Ево Моралес.

Од следната недела ќе организираме демонстрации, изјави опозиционерот Мануел Моралес од Националниот комитет за одбрана на демократијата, еден ден по изрекувањето на пресудата на Жанин Ањес.

Ево Моралес, кој беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година, на Твитер напиша дека „десет години затвор е мала казна во споредба со штетата направена на демократијата“.

Семејството на Жанин Ањес веднаш по неговата изјава го нарече Ево Моралес „кукавица“ и најави жалба на пресудата.

Жанин Ањес стана привремена претседателка на Боливија на крајот на 2019 година, два дена по оставката на Моралес и конфузијата околу резултатите од претседателските избори. Моралес потоа под притисок на демонстрантите и војската поднесе оставка и се засолни во Мексико.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе