Вести Македонија

Додека во Македонија има и невработени доктори на науки и магистри, младите масовно заминуваат на работа во ресторани во регионот

Ниту титулата доктор на науки, не гарантира вработување во Македонија.

Ова го покажува најновиот сет на податоци од Пописот, кои во дел се однесуваат на економските карактеристики на населението.

100 доктори на науки немаат работа, а еден процент од невработените се магистри или во бројки изразено, над 1500.

„Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени се со средно образование. Според дејноста, најмногу вработени има во преработувачката индустрија“ пишува во дел од соопштението на Државниот завод за статистика.

Околу 80% од невработените во земјата се со основно или средно образование. По градови речиси пет илјади или 16 проценти живеат во Скопје, од кои најголемиот дел во Чаир.

Над две илјади невработени со основно образование има и во Гостивар, Тетово и Куманово. Бројките на Заводот за статистика се јасен показател, но и без нив граѓаните ја согледуваат реалноста.

Токму невработеноста и нискиот стандард на живеење, се главни причини што повозрасните ги испраќаат помладите во странство, со карта во еден правец.

„Нема овде ништо, ќе работи за плата од 200 евра и што ќе прави на оваа скапотија?!“

 

„Треба да има работа овде, а нема. И децата бегаат во странство.“

Тоа што беше тренд во минатото, малку се измени – па, оние коишто заминуваат во странство не се насочени само кон западна Европа, коментираат од невладиниот сектор.

Сега и поблиските земји во регионот стануваат сериозна опција, а под превезот на привремено вработување некои гледаат и трајна можност за напуштање на Македонија.

„Добар дел од нив веќе се во рестораните и хотелите на хрватското приморје. Тоа во континуитет го забележуваме и многумина од младите всушност и не се враќаат назад туку наоѓаат вработување и остануваат“ изјави Сретен Коцески, директор на Институтот за развој на заедницата.

Последните детализирани податоци од Пописот покажуваат дека на возраст од 25 до 29 години се дури една третина од невработените магистри во земјава, а 31 процент се на возраст од 30 до 34 години.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе