Вести Свет Топ вести

Бугарскиот премиер Петков во љубовна афера со шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова

Бугарските медиуми објавуваат за наводна љубовна афера помеѓу премиерот Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова. Информативната агенција Пик.бг објави видео снимка од безбедносна камера во станбена зграда, со датум од 21 јуни 2021 година, на која се гледа како Петков ја допира по задникот Бориславова, додека таа ја отклучува вратата од станот.

Пик тврди дека врската помеѓу бугарскиот премиер и шефицата на неговиот кабинет, која во исто време е свршена со неговиот пријател и сопартиец Мирослав Иванов, трае повеќе месеци. Според нив, кога Петков бил назначен за министер за економија во техничката влада на Стефан Јанев, минатата година, ги сменил директорите на Бугарската банка за развој, кои потоа ја ангажирале адвокатската куќа во која работела Бориславова и која била поставена како овластен извршител со полно работно време во седиштето на банката. Пик напоменува дека истата адвокатска куќа и Бориславова како извршител била ангажирана во сите компании.

И покрај тоа што снимката е од пред речиси една година, извори за Пик тврдат дека врската сѐ уште трае, и уште повеќе што таа ѝ е позната и на сопругата на Петков. Наводно, таа ненајавено и неочекувано се појавила во владиниот авионот пред полетувањето за Рим, од каде ја избркала Бориславова не дозволувајќи ѝ да отпатува заедно со премиерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе