Вести Свет

Во Оклахома потпишан еден од најрестриктивните закони за абортус во САД

Републиканскиот гувернер на Оклахома, во јужниот дел на САД, Кевин Стит информираше за потпишаниот закон, со што се забранува абортус по шестиот месец од бременоста. Медиуми нагласуваат дека станува збор за еден од најрестриктивните закони во земјата, додека Врховниот суд се подготвува да го преиспита тоа право на федерално ниво.

„Ги застапувам сите четири милиони жители на Оклахома, а големото мнозинство од нив, посакува да го заштити нероденото дете“, напиша тој на Твитер.

Тој го стави својот потпис, откако во четвртокот по гласањето, законот го донесе Парламентот на сојузната држава.

Со новиот закон се предвидува медицински исклучоци во пристапот кон абортусот, но, не и во случаи на силување и на инцест.

Изминатите месеци, во конзервативната сојузна држава, влегувале илјадници жени од Тексас за да абортираат, бидејќи сличен закон е донесен и во таа соседна земја.

Тексас во септември донесе закон за забрана на абортус, од моментот кога на ултразвучниот преглед ќе може да се чуе чукањето на срцето на детето. Тоа е, отприлика, околу четири недели по зачнувањето.

Врховниот суд изминатите месеци истражува дали овие документи се законски.

„Политико“ во понеделникот објави документ од Врховниот суд околу ова прашање. Според документот, на државите може да им се врати правото да одлучуваат за абортусот, нешто, што е, речиси 50 години, легално низ САД.

Објавениот документ предизвика протести низ Вашингтон. Судот потврди дека станува збор за вистински документ, но, одлуката не била конечна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе