Вести Свет

Командант на Азов: Ако ни снема храна, ќе јадеме птици

Руски сили „постојано“ бомбардираат цивили и украински борци приведени во фабриката за челик Азовстал во разурнатиот Мариупол, изјави заменик-командантот на Азовскиот полк во фабриката за челик, Свјатослав Паламар.

„Не напаѓаат без престан. Тенкови, артилерија, воздушни напади на секои три до пет минути. Во фабриката за челик сè уште има цивили, но непријателот не престанува да напаѓа“, рече Паламар.

Околу стотина цивили беа евакуирани од челичарницата во неделата, но евакуацијата планирана за вчера не се случи. Паламар наведува дека храната и водата се при крај во фабриката за челик.

„Ние споделуваме сè што имаме со цивилите“

„Не можам со сигурност да ви кажам уште колку дена имаме залихи, но можам да ви кажам дека штедиме многу, и вода и храна и муниција. Сè што имаме споделуваме со цивилите“, рече Паламар.

„Ако се случи најлошото и останеме без храна, ќе ловиме птици. Подготвени сме на се“, рече тој.

Русија тврди дека нивните сили се на работ во фабриката за челик и дека спроведуваат акција на „чистење чекор по чекор“. Паламар тврди дека тоа не е точно.

„Во моментов целата фабрика е под наша контрола. Нашата одбрана е поставена долж периметарот на фабриката за челик и ние се држиме“, рече тој.

Дојче веле: Дали Бугарија е тројанскиот коњ на Путин во ЕУ и НАТО?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе