Вести Свет

Судири на првомајските демонстрации во Париз

Неколку илјади луѓе излегоа на демонстрации низ Франција по повод Меѓународниот ден на работниците.

Една недела по реизборот на Емануел Макрон, неколку синдикати излегоа на улиците за да му испратат пораки насочени кон куповната моќ и пензиите. Овој повик за мобилизација по повод 1 мај, Меѓународниот ден на работниците, беше испратен од четири синдикати: СЖТ, ФСУ, Солидер и – многу невообичаено од синдикатот УНСА.

Синдикалната коалиција вклучува студентски и средношколски движења (УНЕФ, ФИДЛ итн.). Според информациите ширум Франција се одржаа повеќе од сто демонстрации. Во Париз, демонстрантите тргнаа од Плоштадот на Републиката за да одат кон плоштадот на Нацијата.

Во главниот град демонстрациите започнаа мирно, додека полициското присуство е дискретно.

На синдикалната поворка ѝ претходеше група Жолти елеци кои пеаа: „Тука сме“. На раскрсницата Волтер и Оберкамф забележани се тензии, каде синдикалната поворка беше блокирана од неколку инциденти, по што полицијата употреби солзавец.

Судирите продолжија и на плоштадот Леон Блу, каде демонстрантите фрлаа разни предмети врз силите на редот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе