Една од ракетите што вчера го погодија Киев падна во близина на хотелот во кој е сместен генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.
Ракетата падна само еден час откако Гутереш одржа прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Гутереш и неговиот тим се безбедни. Делегацијата на ОН се сретна со украинскиот премиер во неговиот кабинет и не била во хотелот во моментот на нападот.
„Две ракети експлодираа во Киев. Бев шокиран кога добив информација дека две ракети експлодираа во градот каде што сум јас“, изјави претходно вчера Гутереш за Би-Би-Си.
„Значи, ова е драматична војна и ние апсолутно мора да ја прекинеме и да имаме решение за тоа“, заклучи тој.
