Вести Свет

Осум илјади британски војници пристигнуваат во Европа на воени вежби поради рускиот напад

Околу 8.000 британски војници одат во Источна Европа за да учествуваат во воените вежби што се одржуваат поради руската агресија.

Според Скај њуз, ова е едно од најголемите распоредувања на британски војници од Студената војна, а војниците ќе бидат распоредени во повеќе земји, од Финска до Македонија.

Покрај војниците, летово на бројни локации ќе бидат испратени и десетици тенкови и повеќе од 100 оклопни борбени возила.

Целта е да се одвратат Русите од можна агресија на Балтикот

На британските вооружени сили ќе им се придружат десетици илјади војници на НАТО и сојузниците, вклучувајќи ги Данска, Исланд и Норвешка.

Министерството за одбрана соопшти дека планираните вежби ќе ја подобрат способноста на британските и финските трупи да работат заедно за да ја одвратат руската агресија во Скандинавија и балтичките земји.

Секретарот за одбрана Бен Валас рече дека овој потег ќе покаже солидарност и сила.

„Безбедноста на Европа никогаш не била поважна. Овие вежби ќе покажат како нашите трупи ги здружуваат силите со сојузниците и партнерите за да покажат солидарност и сила во едно од најголемите заеднички распоредувања на војници од Студената војна“, рече Валас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе