Вести Македонија Топ вести

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева на празничен викенд надвор од затворот Идризово

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева искористи празничен викенд за Велигденските празници. Излезена е од затворот Идризово каде ја издржува затворската казна, а Телма ја улови како пазарува во еден од скопските маркети.

Од Управата за извршување санкции велат дека ја добила оваа погодност на 23 април а синоќа имаше обврска да се врати во Идризово.

Оваа мерка и следува по закон кој дозволува отпус на затвореници после одлежана 1/3 од затворската казна, која за Јанева беше досудена на 7 години.

Таа е осудена за случајот Рекет, заедно со Бојан Јовановски кој е осуден на 9 години затвор и Зоран Милевски Кичеец кој призна вина и доби 3 години.

Прв пат ваква мерка Јанева користеше за новогодишните празници, а до сега добила уште еден излез на 7 часа во февруари годинава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Рокас: Владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје дувал ураган со брзина од 130 километри на час – најсилен скопски ветер измерен по 36 години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе