Вести Свет

Путин ја обвини Украина дека ги одолговлекува преговорите

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини Украинците дека ги одолговлекуваат преговорите негирајќи претходно постигнати согласности за дел од мировниот договор и постојано подметнувајќи провокации.

За жал, и покрај постигнатите согласности и јасно демонстрираните намери да се создадат поволни услови за продолжување на преговорите, се соочивме со провокација во населбата Буча, што нема никаква врска со руската армија. Ние знаеме кој го направи тоа, со какви средства, кои се луѓето што работеа на тоа. Позицијата на нашите преговарачи во однос на Украина радикално се промени после ова, изјави путин.

ООН соопштија дека на средбата меѓу Путин и Генералнито секретар на светската организација, рускиот претседател изразил начелна согласност да му се дозволи на Црвениот крст да организира евакуација на цивилите од челичарницата Азовстал во Мариупол.

Гутереш, кој самиот посочи дека во Москва доаѓа како „гласник на мирот“ сфаќа дека Русија имала бројни забелешки за ситуацијата околу Украина, но посочи дека Повелбата на ООН и Меѓународниот суд на правдата предвидуваат механизми за нивно разрешување.

Една работа е точна и очигледна, и не може да биде оспорена со никакви аргументи. Немаме украински сили на територијата на Руската Федерација, туку руски сили на територијата на Украина, порача гутереш.

Зборувајќи за Росискаја газета, Николај Патушев, секретар на рускиот Совет за безбедност, посочи дека омразата кон Русија која САД и режимот во Киев се обидуваат да ја всадат кај Украинците, може да доведе до распад на Украина на повеќе независни држави.

Претходно Лавров ги предупреди членките на НАТО дека нивното продолжување на снабдување на Украина со оружје претставува сериозен ризик од ескалација на кофликтот во Трета светска војна. Неговото предупредување дојде откако Германија соопшти дека ќе ѝ достави на Украина 50 противвоздушни тенкови.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе