Додека траат нападите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на велигденската литургија во црквата Христос Спасител во Москва, која ја служеше патријархот Московски и на цела Русија Кирил.
Инаку, Путин традиционално во оваа црква го слави Велигден, пишуваат руските медиуми. Заедно со Путин беше и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
Рускиот патријарх Кирил ги повика верниците да учествуваат во помошта на жртвите од војната и им се заблагодари на сите што „вршат важна служба“.
Путин не ги прекина нападите врз Украина и покрај најголемиот празник, а денеска се навршуваат точно два месеца од почетокот на руската инвазија.
