Подружницата на фирмата која се води како сопственик на ноќниот клуб „Привилиџ“ од вчера има ново име, дознава Телма. Станува збор за фирмата „Супер лајт парк ДООЕЛ“ која има три подружници, од кои две се за угостителски објекти во различни наслеби во Скопје. „Привилиџ“ се води под подржужницата „Централ Парк“ а од вчера на барање на сопственикот на фирмата е преименувано во „Ивент центар“.
Сепак преименувањето не може да ги блокира веќе нотираните прекршоци, па така „Привилиџ“ ќе остане пломбиран во наредните 30 дена а ќе треба да се платат изречените глоби за непоседување на лиценца и на подружницата и на одговорното лице за кои Телма неофицијално дознава дека се минималните предвидени со закон од по 100 евра.
Од УЈП соопштија дека контролата во „Привилиџ“ во која е утврдено дека на гостите не се издаваат фискални сметки е извршена на 5 мерт а казната изречена за овој прекршок е платен во рок од осум дена.
Она што е јасно е дека во Градскиот Парк ниту еден ноќен клуб не може да работи легално бидејќи не ги исполнува законските прописи односно не е на оддалеченост од 300 метри по воздушна линија од детски игралчишта, градинка, училиште, станбена зграда или хотел, како што е во овој случај.
Како тие работеа изминатите неколку сезони останува надлежните да одговорат.
Од екомомија, официјално за „Телма“ соопштија дека годинава имаат издадено девет лиценци за кабаре, ноќен клуб или дискотека и дека уште една апликација е во процедура.
Од Здравствениот инспекторат соопштија дека сеуште ги чекаат резултатите од токсиколошката анализа хистолошка анализа и додаваат дека техничката постапка е врзана со време, така што не станува збор за никакво одложување.
Останува нејасно и зошто тимот на МВР по пријавата од Клинички центар дошол пред ноќниот клуб „Привилиџ“ и си заминал откако никој не им ја отворил вратата наместо веднаш го го повика одговорното лице нешто што ќе биде направено десетина часа подоцна.
Огнен Чанчаревиќ
