Државниот пазарен инспекторат денеска присилно ја затвори дискотеката „Централ парк“, поранешна „Привилиџ“, потврди министерот за внатрешни Спасовски, во вечерашната Топ Тема.
Одговарајќи на прашањето како е можно дисоктеката, пред која беше убиен ракометарот Денис Тот, да рабоотела без лиценца, тој објасни дека по извршени инспекциски надзори, во февруари било издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно.
Бидејќи сопствениците на дискотеката не го запреле работењето доброволно, денеска ДИП присилно ја затворило дискотеката.
