Вести Македонија

Правобранители дел од истрагата за неуспешната конфискација и стечајот на „Трансмет“

И правобранители се опфатени со истрагата за неуспешната конфискација и стечајот на Трансмет за првпат потврди финансиската полиција која е вклучена во предистражната постапка и добива инструкции од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Откако КОД во недела во емисијата за нереализираната конфискација на Трансмет ја објави кривичната пријава која Државното правобранителство ја поднело против обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски (порано во СЈО), против Арафат Муареми (поранешен истражител во СЈО, а актуелен директор на финансиската полиција) и осуденикот Сеад Кочан (сопственик на Трансмет и осуден за предметот Труст), финансиската полиција со одговор дека изнесените наводи се само обид да се спречи нивната истрага.

  • Управата за финансиска полиција категорично ги отфрла сите обвинувања  изнесени во медиумите и одговорно тврди дека истите се со цел дефокусирање на јавноста  околу вистината за истрагата на стечајот за ,,Трансмет“, како и за инволвирани лица вклучително и државното правобранителство. Управата за финансиска полиција ,без оглед на притисоците ќе продолжи со недвосмислена и енергична борба  со криминалот и корупцијата ,се со една цел заштита на буџетот на државата неселективно, без оглед на функцијата, партиската или било каква друга припадност на сторителите на кривичните дела, стои во нивната реакција.

Правобранителство со кривичната пријава тврди дека 4-цата пријавени се здружиле за да ја спречат успешната конфискација и замрзнување на имотот на Трансмет во случајот Труст.

Но обвинителството и финансиската полицијата тврдат дека наводите на правобранителството се невистинити и дека и правобранителството не го заштитило конфискуваниот имот.

Обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро го обвинија и тимот на емисијата КОД за како што тврдат едностраност во известувањето за комплексниот проблем, иако во последните 4 емисии –КОД објави истражувања со изјави и одговори од сите институции вклучително и од обвинителството каде работат Ајро и Бубевски.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Водата за пиење повод за меѓупартиски обвинувања

Kristina Kuzmanovski

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе