Вести Македонија

12 советници за премиерот Ковачевски

Германскиот експерт Јоханес Хајдекер, ангажиран минатата година, останува на советничката листа за зајакнување на економскиот тим на премиерот Ковачевски. Поранешниот менаџер во приватниот сектор ќе се фокусира на зајакнување на деловните односи на Македонија со Германија и со другите европски земји со промоција на начините на снабдување и на економската политика за време на корона кризата. Беше ангажиран минатата година од екс премиерот Заев.

Тимот за економски прашања е најголем. Како надворешни советници се ангажирани универзитетските професори: Предраг Трпески како експерт за пазарот на труд, Ванчо Узунов за Берлинскиот процес и Антон Чаушевски за енергетика. Од  банкарскиот сектор доаѓа Глигор Бишев за рационализација и општимизација на процеси, Нина Фити-Неделковска како советник за финансии, професорката од Велика Британија Симона Ристеска за даночна политика.

Од неекономската сфера, советници ќе бидат: екс пратеникот Исмет Рамадани за евроатлантски вредности, Маја Ангеловска за дигитализација и уште неколкумина експерти за одбрана, здравство, образование и социјала.

На листата не е поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој беше најплатениот советник на Заев. Бројот на надворешни советници сега е сведен на 12 професори и експерти во своите области. Поранешните премиери имале и по 90 советници на платниот список, а меѓу нив и астролози и лица познати по способноста да ја предвидуваат иднината.

 Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Водата за пиење повод за меѓупартиски обвинувања

Kristina Kuzmanovski

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе