Вести Македонија

Шаќири: Времето за штрајк е несоодветно

Во најбрзо време ќе излеземе со понуда до СОНК, тврди министерот за образование Јетон Шаќири, во вечерашната Топ Тема на Телма. Уверува дека министерството и владата од првиот момент се максимално посветени на изнаоѓање решение.

Мислам дека во текот на овие денови ќе имаме една конечна понуда, но ќе треба да земеме неколку варијабили, квантитативни и квалитативни, кои ги имаме во процесот. Да знаеме како може тоа да биде направено во ситуацијата во која се наоѓаме. Затоа јас неколку пати кажав дека не сме во најдобра економска ситуација, рече Шаќири.

Вели дека владата секојдневно добива барања за помош од училиштата, од помош за плаќање на сметките за струја, до блок дотациите за превоз на ученици.

Сите имаме непредвидени трошоци во оваа ситуација. Повисоки од тоа што беше претходно. Затоа кажувам дека за најбрзо време треба да најдеме решение. Треба да има разбирање од сите страни, времето за штрајк не е соодветно. Ова е прва ситуација кога имаме штрајк во месец април. Една од поголемите забелешки кои ги добиваме е тоа што доаѓа крајот на учебната година, вели Шаќири.

Претседателот на СОНК, Неделков, се согласува штрајкот што побрзо да заврши и учениците да се вратат во училишните клупи. Но, вели дека за финансиските средства мора да се најде решение.

Околу финансиските средства мора да се најде решение, бидејќи тоа не зависи ниту од Јаким, ниту од Витомир, ниту од преговарачите кои што се од страната на СОНК, туку зависи од членството. Ние не можеме да излеземе од оваа ситуација ако немаме конкретен предлог, кој што ќе помине кај членството. Инаку одлуката ќе се носи по основ на пренесување на понудата од владата преку синдикалните органзиации, вели Неделков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Притвор за 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе