Вести Македонија Топ вести

Се утврдува како се случил пропустот и зошто дури обдукцијата потврди дека Тот бил претепан, осомничениот се уште во бегство

Веќе 48 часа трае потрагата на полицијата по Ангело Ѓоргиев, кој учествуваше во физичкиот напад врз ракометарот Денис Тот, кој потоа како последица на повредите го загуби животот. Од Обвинителството чекаат МВР да им потврди дали тој е во државата или во меѓувреме успеал да ја мине државната граница и да побегне. Засега тој се бара со централна а не меѓународна потерница. Тој веќе имал судир со законот во Словенија, каде исто така се бара централна потреница бидејќи предизвикал сообраќајна незгода а потоа во објектот каде што престојувал е најдена импровизирана лабораторија за производство на дрога.

„Во тек е постапката за пронаоѓање и лишување од слобода на осомниченото лице. По распишаниот централен распис, Основното јавно обвинителство Скопје очекува известување од Министерството за внатрешни работи дали лицето се наоѓа во државата. Доколку се утврди дека тој ја напуштил државата, ќе биде распишана и меѓународна потерница“

Како се случила лошата проценка на медицинскиот тим, поради која настанаа сите шпекулации во јавноста, здравствениот инспекторат допрва ќе утврдува. Оттаму соопштија дека ги очекуваат изјавите од медицинскитре лица но и комплетниот извештај од обдукцијата заедно со токсиколошката анализа.

„Денеска ДСЗИ ги очекува изјавите од сите медицински лица кои биле вклучени во прифаќање и транспорт (ИМП) и медицинските лица кои го прифатиле во Ургентниот центар и го третирале на КАРИЛ. Исто така се чека и на извешатјот од обдукцијата кој ја извршува Институтот за судска медицина“

Инцидентот се случи во четвртокот наутро пред ноќен клуб каде Тот е нападнат од тројката предводена од Ѓоргиев кој прв замавнува кон него. Тот паѓа на земја а деветнаесетгодишната девојка продолжува да го удира. Таа е во притвор заедно со третиот учесници во нападот.

Хрватскиот ракометар утре ќе биде погребан во неговиот роден град Ѓаково.

Огнен Чанчаревиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

Дејан Дејан

Предупредување: Небезбедна водата во Ореовец и Леништа

Kristina Kuzmanovski

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе