Вести Македонија

ФОТО: Нова група Јавна соба на Телеграм, скопјанка вознемирувана по објавени фото-монтажи

Уште една група на Телеграм повторно со име Јавна соба и со иста цел, објавување на фотографии, фото-монтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од Македонија. Викендов се појавила на Телеграм, група со име „Јавна соба-резерва“, а девојка која контактираше со Телма тврди дека и биле објавени податоци од профилот на ФБ со тужи фотографии со порнографска содржина.

Повеќе часови, на неа и стигале непристојни пораки и била малтретирана по интернет. Поради големи непријатности скопјанката која не контактираше ни рече дека го затворила профилот на социјалната мрежа.

Од сликите кои ни ги покажа се гледа дека групата има над 1.340 членови, а податоците за оштетената скопјанка ги ставил профил со лажно име Артун Шелби.

Ова е веќе трет пат, групи мажи да отворат група на Телеграм под име Јавна соба на која споделуваат податоци за девојки после што тие се малтретирани и сексуално вознемирувани. Често се користат фотографии од разголени девојки, интимно споделени со партнерите кои ја злоупотребиле довербата на девојките, но се почесто има и лажни фотографии со вистински податоци на вознемируваните жени.

Во првиот случај Јавна соба, донесена е првостепена пресуда против Дарко Костовски, како креатор на групата и на администраторот Михаил Паневски, кои се осудени на по четири години затвор. Судени се поради детска порнографија, а за вознемирувањето на жени и девојки како и за злоупотреба на нивни лични фотографии и податоци не беа ниту обвинети.

Јавна соба предизвика повеќе реакции и протести, како и минимални промени во законите и судските постапки, но повтроно се појавуваат вакви групи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загрижувачки податоци: влажното огревно дрво го зголемува загадувањето во Битола, екологистите бараат законски измени

Tea Dimkovska

„Греота е, но факултетот мора да си сноси одговорност“ вели Jaневска за студентите кои овој месец не добиле студентски оброк

Tea Dimkovska

Парите во ѕидот веројатно се на мојот син, судијата Ристов – рекол таткото по претресот и окривањето на созиданиот бункер со 350 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе