Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска за Телма изјави дека истрагата во која е осомничен и Мухамед Зекири, генерален секретар на владата е поврзана со злоупотреби на јавна набавка за консултантски услуги, склучена во 4 очи наместо преку тендер.
Двајца осомничени се хрватски државјани, а Русковска изјави за Телма дека и двајцата не се во Македонија. Еден осомничен Хрват ја напуштил државта пред два дена или само еден ден пред да биде отворена истрагата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
