Вести Свет

Белата куќа најави нови санкции за Русија: „Војната е стратешка катастрофа за Путин“

Војната во Украина е „стратешка катастрофа за Русија“ и „стратешки неуспех за Путин“, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејт Бедингфилд. Таа рече дека сега има „непобитни докази“ дека војната, која трае повеќе од еден месец, не го постигнала она на што се надеваше рускиот претседател Владимир Путин, што го поттикна Кремљ да ги „редефинира“ првичните цели.

„Применетите санкции нанесуваат екстремни трошоци за руската економија“, рече Бедингфилд, и најави дополнителни санкции за руските технолошки компании кои ја овозможија војната на Путин.

„Ќе ги спречиме да набавуваат западна технологија и да избегнат остри санкции. Исто така, ќе ги прошириме санкциите на дополнителни сектори на руската економија важни за Путин, вклучително и секторите за авијација, поморство и електроника“, додаде таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца американски војници се убиени, а еден засега се води како исчезнат во иранските напади во Јордан

Igor Trajkov

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Igor Trajkov

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе