Вести Свет Топ вести

Украинската армија го објави најновиот извештај во кој се вели дека Русите се во тешки проблеми

Украинската војска го објави својот најнов утрински оперативен извештај. Според украинскиот Генералштаб на вооружените сили, украинските сили продолжуваат да ги спречуваат руските војници да ја преземат контролата врз клучните автопати и населби во градот Киев.

Од Доњецк и Луганск беа одбиени вкупно пет непријателски напади, а украинските војници уништија два тенкови, борбена машина за пешадија и автомобил, се вели во извештајот. Претходниот извештај објавен од Министерството за одбрана на Украина тврди дека Русија била принудена да ги повлече трупите околу Киев откако претрпе значителни загуби.

Повлекувањето „значително го намали“ интензитетот на напредувањето на Русија и принуди некои единици да се прегрупираат во Белорусија, соопшти Генералштабот на вооружените сили. Официјални лица додадоа дека веруваат дека Русија транспортира и ракети Искандер во југоисточна Белорусија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе