Вести Свет Топ вести

Песков: Путин се уште не завршил со воената операција во Украина

Нуклеарната опција за Русија како дел од тактиката во воените операции против Украина, остануваат на маса, вели советникот на Путин и портпарол на Кремљ, Дмитриј Песков. Во интервју за Си Ен Ен, Песков вели дека Москва нема да се мисли многу за употребата на нуклеарното оружје ако процени дека постои суштинска закана против неа.

Ние имаме концепт за домашна безбедност. И јавно е. Можете да ги прочитате сите причини зошто треба да се користи нуклеарно оружје. Значи, ако тоа е егзистенцијална закана, закана за нашата земја, тогаш може да се користи во согласност со нашиот концепт. Нема други причини што кои се напишани во тој текст, вели песков. 

Путин се уште не ги остварил своите цели во Украина, вели Песков и воената операција за чиј старт има и голема причина – продолжува. Портпаролот на Путин објаснува дека неговиот шеф всушност со децении се обидувал да му укаже на светот дека постои сериозна закана за неговата земја, но никој не го слушал. Затоа донесена е одлука да ја нападне Украина која според него е создадена од западните анти-руски држави.

Интензитетот на војната која трае цел месец ја загрижува и НАТО Алијансата која и покрај помошта која ја испраќа, стравува дека Украина ќе остане без муниција, што може да ја натера Русија да користи друго оружје, по што конфликтот би ескалирал и на балтичките земји.

Неконтролираното руско гранатирање кон цивилните објекти, и уништување на градинки, болници, станбени згради, места каде се кријат цивилите се доказ дека руската армија веќе извршува воени злосторства во Украина, констатира Соединетите Држави, и за ова ќе мора да се одговара.

За секој злостор, судот ќе треба да одлучи за индивидуалната криминална одговорност, кој е директно одговорен за овие конкретни случаи. Владата на САД ќе продолжи да ги открива овие извештаи кои доаѓаат од Украина за воените злосторства и да ги споделува со нашите сојузници и пријатели, како и со меѓународните и мултилатералните институции, изјави БЕТ ВАН ШААК, МИНИСТЕР ЗА ГЛОБАЛЕН КРИМИНАЛ ВО САД

 

Но, констатацијата дека Путин е воен злосторник доаѓа предоцна, сметаат аналитичарите. Укажуваат на фактот дека воените злосторства тој ги изврши многу порано, во војната во Сирија, кога на сирискиот режим му помогна со оружјето, кое всушност на тој терен го тестираше.

И во Европскиот паралмент се дискутираше за следните чекори кои треба да се преземат наредните денови во однос на новите санкции против Русија кои ќе ги најави лично американскиот претседател. Европа, која сега ги следи насоките на Бајден се надева дека тој нема да притиска со барањата за санкции кои за ЕУ се економски неисплатливи, поради сложеноста на трговските врски со Москва.

Во меѓувреме, украинските сили преземаат контраофанзивни операции во неколку стратешки области под контрола на руската армија. Но воените аналитичари предупредуваат дека постои голема веројатност пасивноста на руската армија да е резултат на прегрупирање, бидејќи последните раздвижувања на нејзините копнени сили сугерираат дека се подготвуваат за опколување на украинските единици долж фронтот во Донбас и зајакнување на руските позиции околу Харков.

Алиса Шутиноска

 

https://www.youtube.com/watch?v=uqi9jwOiU8Y

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе