Вести Свет Топ вести

Бајден оди во Полска поради војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден ќе отпатува во Полска во петок, на 25 март, за да разговара со претседателот Анджеј Дуда за украинската криза, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Бајден во петок ќе отпатува во Полска за да разговара за меѓународниот одговор на „хуманитарната криза и кризата за човекови права создадена од неоправданата и неиспровоцирана војна на Русија против Украина“.

Бајден ќе отпатува во Полска еден ден по средбата со сојузниците на НАТО, лидерите на Г7 и лидерите на Европската унија во Брисел за да разговараат за меѓународните напори за поддршка на Украина по руската инвазија, соопшти Белата куќа.

Во петок Бајден ќе отпатува за Варшава на билатерална средба со претседателот Анджеј Дуда, пренесува Ројтерс.

Повеќе од два милиони бегалци влегле во Полска од Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопшти полската гранична стража.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески тврди дека „Талир 2“ ќе останел кај Ристоска ако не си дала оставка – таа одговори дека тоа не е точно

Kristina Kuzmanovski

Малолетник не смее да се качи на тротинет- нови законски измени

Kristina Kuzmanovski

Судската независност загрозена од другите државни инстанци

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе