Вести Свет Топ вести

Кулеба: Зеленски е подготвен веднаш да се сретне со Путин

23 ден од војната во Украина започна со бомбардирање во Лвов, на 80 километри од полската граница. Според украинските власти погодена била фабрика за поправка на летала во близина на аеродромот во градот. Лвов до сега се сметаше за безбеден и стотици илјади беглаци од цела Украина се упатуваа таму. Покрај тоа, Лвов е важен транспортен центар за воена и хуманитарна помош.

  • „Ова е напад на Лвов, хуманитарен центар со најмалку 200.000 раселени луѓе кои веќе избегале од борбените зони. И овој напад е потврда дека тие не се во војна со украинската армија, туку со цивилите, деца жени, раселени луѓе,“ – Максим Козицки – Гувернер на Лвов.

По уште едно бомбардирање на станбен кварт во Кев, и градоначалникот Кличко обвини дека руската армија војува против украинските цивили, а не против армијата. По обиколка на последните уништени објекти, Кличко стравува дека престолнината ја очекува иста судбина како и градовите во источна Украина.

  • „Ако погледнете во мариупол, ако погледнете во Харков, ако погледнете и во други градово, Чернихив во моментов, каде цивили се убиваат, градот ќе биде уништен. Очекувам русите да го направат истото и во Киев“ – Виталиј Кличко – градоначалник на Киев.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека сепаратистичките сили од Луганск со помош на руската армија ослободиле 90 проценти од територијата на самопрогласената република. Исто така соопштија и дека спречиле украински напад врз Мелитопол.

  • „Во Мариупол, единици на Доњецката Народна Република, со поддршка од Руските вооружени сили, го стегаат обрачот и се борат против националистите во центарот на градот,“ – Игор Конашенков – Портпарол на руското Министерство за одбрана.

Постојаните бомбардирања им попречуваат на спасувачките екипи кои работат на излекување на цивилите затрупани под театарот во Мариупол. Според украинските власти, комуникацијата со локалната управа на градот оди тешко, и сѐ уште немаат прецизни инфомрации за жртви во рускиот напад врз театарот. Велат дека до сега од под урнатините се извлечени 130 живи цивили.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека претседателот Зеленски е подготвен веднаш да се сретне со Путин, доколку рускиот претседател покаже подготвеност за таква средба. Неговиот коментар доаѓа откако вчера Путин во телефонски разговор со турскиот претседател Ердоган порачал дека конечниот мировен договор меѓу Русија и Украина може да биде финализиран само со директна средба меѓу него и Зеленски.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше за Куклица, фрлал камења кон инспектори на УЈП

Sonja Petrusevska

Симптоматична е втората оставка во Уставен, јавноста треба да ги знае причините – велат експертите

Дејан Дејан

Документот со исполнети реформи испратен во Брисел, Изборниот законик останува во политички застој

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе