Вести Свет Топ вести

Бугарско Обвинителство: Борисов е приведен поради наводни уцени од 2014 до 2019 година

Полицијата во Бугарија го приведе поранешниот премиер Бојко Борисов како дел од истрагата за наводни уцени што датираат од 2014 до 2019 година, соопштија денеска бугарски обвинители.

Децениското владеење на 62-годишниот Борисов заврши минатата пролет, кога тој ги загуби изборите кои го покажаа народниот гнев поради корупцијата на високо ниво во најсиромашната земја-членка на Европската унија. Тој останува лидер на централно-десничарската ГЕРБ, најголемата опозициска партија.

Новата центристичка коалициска влада ја презеде функцијата во декември, ветувајќи нулта толеранција за митото во Бугарија, која е рангирана како најкорумпираната земја-членка на ЕУ од страна на Транспаренси интернешнал.

Поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и советничката за медиуми на ГЕРБ, Севдалина Арнаудова, исто така беа приведени синоќа, се вели во соопштението на обвинителството.

Министерството за внатрешни работи синоќа соопшти дека апсењата биле дел од операцијата поврзана со околу 120 истраги на Канцеларијата на Европското јавно обвинителство (ЕППО), кое истражува измами од големи размери со средства на ЕУ, во Бугарија.

Градските обвинители на Софија денеска ќе треба да одлучат дали ќе го продолжат притворот на Борисов на 72 часа или ќе го ослободат, откако ќе ги испитаат деталите од истрагата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Насилниците не запираат, а жртвите молчат од срам и трпат бидејќи немаат каде

Дејан Дејан

Македонија треба да и врати на Европската комисија 2, 2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус Плус

Дејан Дејан

Уставните измени дел од изборните програми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе