Вести Свет

Уметниците го напуштаат Баљшој театарот во Москва

Војната во Украина не ги остави рамнодушни руските уметници. Се поголем број од нив ја напуштаат Москва. Последна од нив е примабалерината Олга Смирнова, која поднесе оставка од Баљшои театар, на кој му беше верна цели 12 години. Наместо во Москва ќе танцува за Холандскиот национален балет во Амстердам.

Смирнова, чиј дедо е Украинец, напиша на Телеграм дека е „против војната во сите делови од нејзината душа“.

„Никогаш не мислев дека ќе се срамам од Русија. Отсекогаш сум била горда на талентираните Руси, на нашите културни и спортски достигнувања. Но, сега чувствувам дека е повлечена линијата што се дели пред и потоа“, напиша таа во соопштението објавено од Холандскиот национален балет.

Смирнова додава дека не може да остане рамнодушна кон оваа глобална катастрфа каде луѓето умираат или ги напуштаат домовите. Нејзината одлука следува откако пред десетина дена уште двајца членови го напуштија Балетот Бољшој, бразилскиот солист Дејвид Мота Соареш и италијанскиот танчер Јакопо Тиси.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Анибар Филм Фестивал – гнездо за развој на креативноста, регионалната културна сцена и младинскиот активизам

Дејан Дејан

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Дејан Дејан

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе