Вести Свет

Орбан: Следната недела очекуваме поголем бран бегалци од Украина

Унгарија очекува поголем бран бегалци од Украина следната недела, изјави премиерот Виктор Орбан во видео порака од границата со Украина, која ја објави на својата официјална страница на Фејсбук.

Посетувајќи го граничниот премин во близина на унгарската граница со Романија и Украина, Орбан рече дека следната недела таму ќе бидат формирани повеќе гранични служби за справување со зголемениот број бегалци.

Орбан не кажа зошто очекува уште бегалци следната недела. Бројот на украински бегалци кои пристигнаа во Унгарија значително се намали во текот на изминатата недела, според Ројтерс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Едночасовен дожд остави хаос во Битола

Kristina Kuzmanovski

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе