Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Западен Тексас во САД. Девет лица загинаа, меѓу кои шест студенти и тренери од Универзитетот во Ново Мексико кои се враќаа дома од турнир во голф.
Загина и 13-годишник од друго возило.
Се судриле камион и комбе
Според полицијата, камионот преминал на спротивната лента и директно удрил во комбето, во кое имало членови на машката и женската екипа за голф. Загинаа седум лица од комбето и двајца од камионот, меѓу кои и едно 13-годишно момче. Двајца студенти се префрлени со хеликоптер во болницата Лубок во критична состојба.
„Тоа е многу трагичен настан. Многу, многу трагично“, рече полицаецот Стивен Бланко.
„Сè уште ги дознаваме деталите за несреќата, но со длабока тага дознавме за загубата на животот на нашите студенти и нивниот тренер“, рече директорот на Универзитетот Квинт Турман.
