Вести Ковид19 Македонија

Регистрирани нови 328 случаи на Ковид -19, починале четири лица

Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 328 случаи на Ковид-19, од направени 2.535 тестови. Починало едно лице, а дополнително се пријавени три починати лица во период од 9 март до 12 март. Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, оздравени се 237 пациенти.

Од Министерството за здравство посочуваат дека во последните 24 часа нови случаи се регистрирани во Скопје – 179, Прилеп – 21, Битола и Кавадарци – по 17, Куманово и Велес – по 10, Охрид и Кичево – по 9, Ресен – 7, Штип – 6, Гостивар, Струга и Радовиш – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Тетово и Кочани – по 3, Струмица, Неготино и Свети Николе – по 2, Крива Паланка, Дебар, Берово, Виница, Пробиштип ,Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на нови позитивни,  регистрирани се 65 реинфекциии.

Регистрирани сe 237 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Битола – 14, Прилеп – 13, Кавадарци – 12, Куманово и Велес – по 10, Тетово – 8, Охрид и Кичево – по 5, Ресен, Гевгелија, Кочани, Неготино и Дебар – по 3, Штип, Гостивар, Крива Паланка, Виница и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово, Струмица и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице: од Кичево (58г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип (1), Гостивар (1) и Струмица (1). Починатите се пријавени во период од 9 март 2022 година до 12 март 2022 година. Пријавените лица се на возраст од 48 години до 77години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица, кај три лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.535 тестови преку: ИЈЗ-330, ЦЈЗ Скопје-99, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–197, Жан Митрев (Филип Втори)-54, Авицена-80, Биотек-82, Систина-38, лабораторија Лаор-85, Синлаб-14, Ремедика-18, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-152, ВФВ Медикал-44, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–18, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.070.

Досега во земјата се направени вкупно 1.928.498 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.224, бројот на оздравени пациенти е 291.144, на починати е 9.159, а бројот на активни случаи изнесува 1.921.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе