Вести Ковид19 Македонија

9 починати и 198 новозаразени со Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.996 тестови, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана е 31 реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (70г и 92г) и  по едно починато лице од Прилеп (73г) и Битола (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 53г до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени лица се починати во домашни услови. Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе