Вести Ковид19 Топ вести

Др.Немања Радојевиќ: Секоја година ќе имаме некој нов сој и ќе имаме секој пат нова вакцина против Ковид-19

Др Немања Радојевиќ од Клиничкиот центар во Подгорица, лекар кој  специјализирал Судска медицина и јавно здравје на универзитетот Харвард деновиве го привлече вниманието на пошироката јавност во регионот со натпис на социјалните мрежи во кој повика да се укинат сите мерки за зашитата од Ковид споделувајќи статистика според која Омикронот не дава толку тешка слика и дека нема потреба од рестрикции.

Радојевиќ смета дека Омикронот ќе доведе до стекнување на колективен имунитет, по пат не меѓусебно пренесување на вирусот.

„Доста работи и натаму се непознати и неможеме сосема јасно да предвидиме што ќе се случува во иднина, но некое мое мислење е  дека Омикронот ќе доведе до стекнување на колективен имунитет, по пат не меѓусебно пренесување на вирусот. Веројатно ќе имаме нови соеви на сезонско ниво, како што е кај грипот, кај инфлуенцата. Значи секоја година ќе имаме некој нов сој и ќе имаме секој пат нова вакцина. Кој ќе сака, како против грипот да се вакцинира  за да го намали ризикот од заболување ќе биде добро, кој нема да сака тоа нема да го прави. Во суштина се плашам дека короната ќе премине во сезонска болест, тоа значи дека епидемија односно пандемија како што е сега нема да биде препозната на тој начин, но не мислам дека ќе се ослободиме од короната за да ја снема целосно. Но таа ситуација не мора да изгледа песимистично, бидејќи ние и ден денес живееме со грипот и пред короната живеевме со грипот. Во Црна Гора според статистиката секоја година умираат околу 30 луѓе од грип, она што е докажано, но верувам дека таа бројка е многу поголема особено кај постарата и хронично болна популација и вие едноставно  не сте ни правеле тестирање. Нивното здравје е кревко, на нишалка, при што многу лесно една респираторна инфекција може да предизвика компликација и смрт. Така што мислам дека слична ситуација ќе биде и со короната, ќе има вакцина и ќе биде оставена на слободна волја, кој сака да се вакцинира а кој не сака“, изјави Радојевиќ.

Во продолжение погледнете го целосното интервју со Др.Немања Радојевиќ од гостувањето во Утринска на Телма со Горан Петрески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе