Вести Македонија Топ вести

Скок за 24 места на индексот на корупција, но сепак на ниско 87 место

Подобрувањето на човековите права, последните избори, реформските процеси, судските постапки за случаи на висока корупција, работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата и Акцискиот план за борба против корупцијата се причините поради кои Македонија годинава доби четири индексни поени повеќе и скокна за 24 места на индексот на корупција на Транспаренси интернешнл. По неколкугодишен пад на листата, ова е напредок,  но државата сепак е на ниското 87. место од вкупно 180, во друштво на  Колумбија, Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Суринам, Танзанија и Виетнам, кои се со ист број на поени.

Активностите преземени во последните две години, според Тасева, веќе го покажуваат своето влијание, но потенцира дека реформата во судството се` уште стагнира, како и други реформи што треба дополнително да се спроведат.

Од 2012 година 25 земји го подобриле индексот на борба против корупцијата, но 23 земји паднале, што значи дека нема трајни резултати. Од индексот се гледа дека и некои од најдобрите држави тешко се справуваат со овој проблем.

Најдобро рангирани во светот и годинава се Данска, Финска и Нов Зеланд со 88 поени.  Најлошо рангирани се Јемен, Јужен Судан, Сирија и Сомалија.

Од регионот, Според Индексот на перцепција на корупцијата, Србија е на 96-то со индекс од 38, што се и нејзини најниски проценки досега. Црна Гора има индекс 46, Босна и Херцеговина и Албанија 35,  Словенија е на 41 место со индекс 57, а Хрватска на 63 место со индекс 47.

Далиборка Дамјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе