Клиничката болница, енормно е зголемен бројот на прегледи во дежурната ноќна ургентна амбуланта во Итната помош, како и бројот на транспорти на заразени до КОВИД центарот. Ова е посебно изразено после новогодишните празници, велат од Итната медицинска помош во Битола. Со полесни симптоми минуваат вакцинираните.
Пациентите се од 20 години па нагоре, а ги имаат следните симптоми: продолжена кашлица, малаксаност, глвоболка , течење на нос, а некои се проселедени со дијареи и повраќања. Кај помладата популација често има високи температури, а пацинтите имаат и панични напади, вели
д-р Васе Николовска, Итна медицинска помош Битола.
Голем пораст има и на домашни посети кај пациентите кои се заболени од коронавирусот, но загрижувачки растат бројките на пациенти со други заболувања.
-Покрај овие пациенти, зголемен е бројот на пациенти кои имаат проблеми со дишните патишта, асматични напади, мозочни удари. Енормно е зголемен бројот на пациенти со срцеви заболувања, вели др. Васе Николовска, од Итната помош во Битола.
Сосотојбата со ковид 19 во Битола е сериозна, предупредуваат лекарите. Дневните бројки на заразени незапирливо растат, со што градот по двонедлната инциденца е најголемо ковид жариште во земјава. Вчера почина 32 годишен битолчанец, кој не бил вакциниран и имал хронично заболуања, а пред пред 4 дена, од ковид 19 почина 33 годишна жена од Битола, која исто така не примила ниту една вакцина.
Емилија Мисирлиевски
