Вести Македонија

Муцунски го презентираше буџетот на општина Аеродром за 2022 година

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска пред претставници на бизнис секторот го презентираше развојниот буџет за 2022 година на општината.
Развојниот буџет за 2022 година на Општина Аеродром за капитални инвестиции изнесува 728 милиони денари, а во него се предвидени голем број проекти кои беа ветени во програмата, информираат од општината.
Оттаму потенцираат дека буџетот е сегментиран во повеќе насоки: образование, спорт и млади, урбанизам, граѓански сектор, инфраструктура, екологија и животна средина. Во овој буџет детално се објаснети активностите на Општина Аеродром за 2022 година и проектите кои треба да се изработат.
– Овој буџет предвидува развој на општината во секој сегмент и решавање на голем број проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ќе изградиме нови градинки, нови паркови, ќе донесеме нови ДУП-ови, проекти за младите кои ги ветивме во предизборната кампања, ќе продолжиме со засилено темпо да ги остваруваме сите тековни активности. Не се работи само за номиналната сума на буџетот, туку и планот за негова реализација. Промените се случуваат, а со нашиот буџет ќе инвестираме во секој дел од нашата општина и ништо нема да биде изоставено, изјави градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.
Со овој буџет на општината предвидено е инвестиција во повеќе сектори. Подетално, во секторот за спорт и млади ќе се инвестира 5.000.000 денари за поддршка на спортските клубови и развој на спортот. Дел од овој сектор е и целосната реконструкција на пет детски игралишта, како и бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе