Вести Ковид19 Свет

Квебек воведува финансиски казни за луѓето кои одбиваат да се вакцинираат

Премиерот на Канадската провинција Квебек, каде мнозинство од населениетот зборува француски јазик, синоќа објави дека жителите кои ќе одбијат да се вакцинираат против Ковид-19 ќе бидат присилени да платат финансиска казна.

Премиерот Франсоа Лего изјави дека одбивањето на луѓето да се вакцинираат води до оптоварување на здравствениот систем , трошок кој не треба да го платат сите жители на провинцијата.

Тој додаде дека казната ќе важи само за луѓето кои не се квалификуваат за медицинско изземање. Иако не прецизираше колку ќе изнесува казната, Лего додаде дека таа ќе биде значително висока. Инаку, само 10% проценти од популацијата во Квебек се невакцинирани, но тие се околу 50 отсто од пациентите во интензивната нега. Претходно во Квебек, на сила стапи и полициски час од 10 часот навечер до 5 часот наутро. Во последните 24 часа во оваа Канадска провинција беа регистрирани 62 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на жртви од Ковид-19 се искачи на 12 028 , најмногу од сите региони во државата.

Оние кои ќе одбијат да ја примат првата доза во наредните недели ќе мора да платат нова здравствена казна. Знам дека ситуацијата е тешка, но можеме заедно да ја пребродиме. Мора да ги фокусираме напорите на две работи. Да ги примиме, првата, втората и третата доза од вакцината и да ги намалиме контактите, особено со повозрасните луѓе.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе