Вести Македонија

Ковачевски го достави предлог составот на новата Влада и програма

Справување со енергетската криза, задржување на животниот стандард на граѓаните и компаниите и исполнување на инфраструктурните проекти ќе бидат трите приоритети на новиот владин кабинет. Мандатарот Ковачевски верува дека новите министри успешно ќе можат да се соочат со сите предизвици. Од својот тим очекува целосна посветеност и одговорност  во  работењето. Задржувањето на дел од министрите Ковачевски го оправдува со добрите резултати кои тие ги постигнале во своите сектори.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека ова е Влада на поразени политичари.

Седницата за избор на новата Влада планирано е да се одржи викендов. Расправата трае два дена.Славица Грковска ќе биде вицепремиер за борба против корупцијата, универзитетскиот професор Никола Тупанчевски ќе биде нов министер за правда, Славјанака Петровска за одбрана, Јована Тренчовска за труд и социјална политика, Бисера Косатинова Стојчевска за култура. Љупчо Николовски ќе биде министер за земјоделство, Бојан Маричиќ заминува во евроинтеграции, Фатмир Битиќи, Оливер Спасовски и Благој Бочварски ги задржуваат досегашните ресори. Во ДУИ нема промени освен ротација на Јетон Шакири во Министерството за образование. Алтернатива добива три министерски места, здравство, информатичко општество и администрација и министер без ресор задолжен за дијаспората. Горан Милевски од ЛДП останува да биде министер за локална самоуправа.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе