Група научници на кипарските Грци тврдеа дека откриле нова мутација на Ковид-19.
Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, ја нарекол мутацијата „Делтакрон“.
Во вестите во Си-Ен-Би-Си пишуваше дека тимот смета дека Делтакрон е комбинација од Делта и Омикрон варијанта и дека има заразени 25 случаи.
Но, британските научници рекоа дека хибридната мутација на коронавирус наречена „Делтакрон“ најверојатно е резултат на лабораториска контаминација, а не на нова загрижувачка варијанта.
„Кипарските „Делтакрон“ секвенци пријавени од неколку големи медиуми се чини дека се сосема јасна контаминација“, изјави Том Пикок, вирусолог во одделот за заразни болести на Империал колеџ во Лондон.
Џефри Барет, раководител на Иницијативата за геном за Ковид-19 во британскиот институт Велком Сангер, рече дека наводните мутации биле пронајдени во дел од геномот склон на грешки во одредени процедури за секвенционирање.
„Ова речиси сигурно не е биолошка рекомбинација на лозата Делта и Омикрон“, рече тој.
Марија ван Керхове, епидемиолог за заразни болести во СЗО, објасни: „Да не користиме зборови како делтакрон, флурона или флуорон. Овие зборови имплицираат комбинација на вируси/варијанти и тоа не се случува“.
