Дефекти на мрежата, повторно предизвикаа проблеми во водоснабдувањето во Тетово. Пред 5 дена Јавното комунално претпријатие воведе 5-часовни рестрикции во ноќните часови, но делови од градот и домаќинства кои немаат хидрофор се жалат дека немаат вода речиси цел ден.
Од ЈКП Тетово информираат дека се работи за два последователни дефекти на лешничкиот систем, од кои вториот е детектиран вчера.
Тетовскиот градоначалник, Биљал Касами, пак, на социјалните мрежи повика на разбирање и трпение од граѓаните, известувајќи дека дефектите се резултат, како што вели, на несоодветното инвестирање со непочитување на потребните стандарди. Тој уверува дека во текот на пролетната сезона ќе започне целосно санирање на водоводната мрежа.
Поголеми дефектит во лешничкиот систем во текот на минатата година имаше во неколку наврати, кога градот со денови се соочуваше со проблеми во водоснабдувањето.
Данијела Билбилоска
