Македонија

Автопатот Миладиновци Штип со часови не беше исчистен

Тешко се одвива сообраќајот на автопатот од Миладиновци до светиниколското село Преод, алармираа многу возачите како на социјалните мрежи, така и до нашата редакција.

Возачите кои патуваат по оваа делница апелираат да не тргнуваат на пат или доколку мора да патуваат задолжително да си ги стават синџирите на гумите. Од штипската подружница на ЈП „Македонија пат“ велат дека нивните машини чистат до клучката кај Преод, додека делот од автопатската делница, каде што паѓа снег е под надлежност на скопскта подружница.

На делот каде што се надлежни од штипската подружница на автопатот веќе се излезени возила за расчистување на снегот, а коловозот  се посипува со сол и ризла. На терен се неколку возила, бидејќи врнежи од снег има и на експресниот пат Штип-Велес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе