Вести Македонија Топ вести

Православните христијани слават Божиќ – политичарите и верските водачи со честитки и пораки

Со пораки и желби за мир, здравје и бериќет православните христијани го слават денот на Христовото раѓање – Божиќ. Пред верниците, утринава во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржа Златоустова литургија. Двочасовната богослужба ја предводеше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, на верниците им упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов, а на политичарите порака да бидат внимателни во спорот со Бугарија.

„Од нас, како од македонски народ, држава и Црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа и дополнителна внимателност при решавањето на наметнатите прашања, коишто во последно време некои ги исправија пред сите нас. Да внимаваме, зашто никогаш и никаде не се дошло до вистината со отстапки од своите духовни, национални, историски и културни посебности. Само народи коишто немаат свое, посегаат по туѓо,“ се дел до збровите на г.г. Стефан до верниците

Празникот причина а соборниот храм денеска е местото каде што верниците чествуваа а политичарите два часа молчеа на Златоустовата литургија. Спротиставените политички табори се обединија пред светиот арихерејски синод. Со куси изјави порачаа на сплотеност меѓу граѓаните за полесно надминување на сите предизвици во Новата година.

Владиниот носител на мандатот од дома во кругот на семејството порача.

„Христовото раѓање симболизира нови почетоци, нова надеж, победа на доброто врз најголемите искушенија, а во духот на човековите христијански вредности повикува на меѓусебно почитување, толеранција и помагање,“ се наведува во пишаната порака на Ковачевски.

Неизостанаа и политички прозивки од опозицијата кои следеа по пораката до сите граѓани за сплотување и единство.

Честитките од Претседателите на државата и на Парламентот се дел од многубројните пораки од политичарите кои денеска стасаа на адреса на верниците.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе